Полициски службеници од СВР Охрид на брегот кај плажата „Акапулко“, вчера лишиле од слобода 38-годишен жител на охридското село Трпејца, поради извршен незаконит риболов во водите на Охридското Езеро.
При преглед на пловниот чамец, пронајдени се 143 парчиња риба белвица, осум рибарски мрежи и друг риболовен алат, кои се предадени на Хидробиолошкиот завод. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Истите се одземени, а против приведениот ќе биде поднесена кривична пријава, информира Димовски.
OhridNews












