По се изгледа дека оваа година, новогодишната понуда на охридските ноќни клубови, кабареа и кафетерии е доста примамлива како за охриѓани, така и за туристите во градот. Во најголем дел, местата се веќе однапред резервирани, а понудата збогатена со одлична музичка програма.

Во  ноќниот клуб Хавана, веќе од 21 часот најлудата ноќ ќе биде пропратена со звуците на Дј Јане. Оние кои што ќе сакаат да присустуваат на оваа забава ќе треба да издвојат 900 денари, во кои се вклучени два пијалаци.

Кафе барот План Б, нуди одлична забава со диџеите Crazy Slave и Regjo по цена од 1000 денари од маса. Како што информираат од овој локален клуб, останати се уште малку слободни места во  внатрешниот и надворешниот дел од објектот.

Новогодишната еуфорија во дискотеката Парк е загарантирана за 999 денари, во кои се вклучени три пијалаци, а најдобрите хитови гарантираат незаборавна „журка“ до раните утрински часови.

Во кафе барот Ликвид, дочекот на новата година започнува од 21 часот, а специјалната понуда со варено вино и костени на жар за 99 денари, ќе важи до Божиќ во периодот од 13 до 18 часот.

Плажата бар Куба Либре, на присутните ќе им овозможи незаборавна забава со диџеј Буце. Бројот на присутни е ограничен, а во цената од 50 евра е вклучено неограничен пијалак и храна.

OhridNews