По повод Празникот на жената 8-ми Март, вечерва во голем број угостителски објекти и ноќни клубови во Охрид ќе бидат организирани осмомартовски забави.

Хотелот „Силекс“ оваа година, традиционалната свечена прослава по повод женскиот празник, ја организира вечерва со почеток во 19 часот. Гостите ќе ги забавуваат Благоја Грујовски и „Селект Бенд“, а богатото празнично мени со неограничен пијалак чини само 590 денари.

Осмомартовската забава се организира и во „Еспана клуб“ каде ќе настапи Ален Хасановиќ, еден од македонските претставници во шоуто „Ѕвездите на Гранд продукција“. Концертот на Хасановиќ започнува во 23 часот.

По повод 8-ми Март „Куба Либре Хавана Клуб“ вечерва подготвува провокативно изненадување за припадничките на понежниот  – машки стриптиз! Забавата започнува во 22 часот.

По повод празникот на жената и „Мезе Бар 10“ денеска ќе организира осмомартовски прослави од 16:00 часот и од 20:30 часот. Во двата термини, гостите ќе ги забавува ансамбл „Билјана јуниор”.

За деталите за овие и другите забави во Охрид, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews