Со низа активности и пригодни свечености Општина Охрид ќе го одбележи 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

Настаните започнуваат во четврток, 6-ти ноември, со изложба на ликовни дела „Охрид преку делата на Славко и Никола Упечве“ со почеток во 18 часот во Куќа на Робевци.

На 6-ти ноември со почеток во 19 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде одржана свеченост по повод 81 годишнината од ослободувањето на Охрид на која обраќање ќе има градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и претседателот на Охридскиот музички еснаф, Венко Пашоски, по што ќе следува културно – уметничка програма.

Следниот ден, 7-ми Ноември, од 10.00 часот предвидени се одбележување на патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец” во дирекцијата на јавното претпријатие, полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјата од НОБ на Градските гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”, како и Панихида и полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјето на Јасна Ристеска во с.Рамне.

Од 10 до 11 часот ќе се одржи „Оhrid fly festival“ – проект на Параглајдинг клуб „Флај“, додека во 11 часот ќебиде положено свежо цвеќе пред спомен – обележјата од НОБ во Спомен – паркот на револуцијата, а во 17 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи свеченaта приредба по повод патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска”.

Истиот ден од 19 часот ќе се одржи и Седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче” во ОМУ „Методи Патче”, додека во предворјето на црквата „Св. Софија“ ќе биде промовиран албумот „Егрегор“ и ќе биде одржан концерт на Никола Стојковски и Тања Царовска.

Програмата завршува на 8-ми ноевмри во ОСУ Св. Климент Охридски каде со почеток во 18 часот ќе биде реализиран музичко-сценскиот проект „Ехото на Охрид“.

Н.С.Ј.