Со низа свечености, Охрид ќе го одбележи празникот Св. Климент Охридски – патронот на градот.

Утре со почеток во 12.00 часот во големата сала на општината ќе се одржи промоција на книгата „Охридски времеплов“ од Илче Стојаноски. Вo 13 часот во ОСУ „Св. Климент Охридски“, ќе се случи хуманитарен спортски настан насловен како „Со велосипед до похуман свет“. Попладнето, во 18 часот во општина Охрид ќе биде промовирана книгата „Влијанието на политичкиот маркетинг и реклама врз мнението на електоратот “ oд доц. д-р Мирјана Крлеска, а во 1845 часот во Центарот а култура ќе се одржи промоција на книгата „Низ леите на мојата цветна градина“ од Ристана Меруџеска-Мојсоска. Во 19.30 часот, исто така во Центарот за култура, ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на основното училиште „Св. Климент Охридски“.

Свеченостите продолжуваат на 8-ми декември во 9.30 часот со поклонение пред моштите на св.Климент Охридски во Светиклиментовиот манастир на Плаошник “Св. Климент и Св.Пантелејмон”. Веднаш потоа пред споменикот на Св. Климент на градскиот плоштад и во истоименото основно училиште ќе биде положено свежо цвеќе. Точно на пладне свечено ќе бидат пуштени во употреба просториите во потпокривот на охридската Гимназија, по што ќе се одржи промоција на монографијата „Охридската гимназија“ од д-р Павле Митрески. Во 13.30 часот кај плажата „Бела Виста“ во употреба ќе биде пуштен Паркот на пријателството.

Попладнето во 18.00 часот ќе биде отворена ликовна изложба на ОСУ „Св. Климент Охридски“, а половина час подоцна на истата локација ќе започне традиционална изложба на фото клубот „Охрид“. Во 19 часот во Галеријата на Центарот за култура ќе биде отворена изложба на дела од роднокрајни ликовни уметници, по што во големата сала на центарот ќе започне Свечената академија по повод празникот Св. Климент Охридски – заштитникот на градот. Поздравно обраќање ќе има градоначалникот на Охрид, по што ќе бидат доделени наградите на добитниците на највисокото општинско признание, наградата и повебите Св. Климент Охридски-патрон на Охрид.

Свеченостите во недела ќе бидат заокружени со ревијален хуманитарен натпревар помеѓу помеѓу РК Охрид 2011 и ветераните на охридскиот ракомет. Натпреварот почнува во 17 часот во арената „Атина Бојаџи“.

OhridNews