Со низа активности Општина Охрид ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Утре со почеток во 19:30 часот на Античкиот театар ќе се одржи Меѓународен хорски фестивал на музички хорови.
Во сабота од 09:00 часот започнува свечената програма со полагање цвеќе пред монументалниот споменик во градскиот парк, по што следува доделување на наградите за најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта кои постигнале значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари.

Од 19:00 часот во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи концертот „Уметниците во чест на Свети Кирил и Методиј“ во рамки на кој ќе настапат учениците од ОМУ „Методи Патче“ во класата на м-р Даниел Чуркоски, Елица Рашкова и Викторија Митеска Малезан, а беседа за светите браќа ќе одржи проф.д-р Димитар Пандев.
OhridNews











