На 4 издание на Ohrid Water Festival се најавени 21 спортско-рекреативнен настан. Фестивалот ќе се одржи од 12-30 август, а истиот започнува со „Меѓународен тренинг камп во едрење“, во организација на Акватика Јахтинг, а завршува со „Меѓународна Веслачка регата Охрид 2026“ во организација на ВК „Горица Ремо“.
Во програмата и оваа година се вклучени бројни спортски клубови, организации и ентузијасти кои со својата посветеност придонесуваат фестивалот да расте и да стане препознатлив симбол на водените спортови во регионот.
OhridNews













