Семејството на еден милионер од Тексас стравува од губење на големото наследство, бидејќи богаташот планира сите пари да ги остави на своите домашни миленици. Рон Старџен планира своите три кучиња, Вили, Ленс и Диски, да ги именува за единствени наследници на своето големо богатство. Тој е толку опседнат сп своите миленици, што запослил човек на кој му плаќа по 45 долари на час за одржување на нивните профили на социјалните мрежи. Џош Дејвис, консултант за социјални мрежи, тврди дека на оваа работа и посветува и по осум часа неделно, што резултирало со тоа да фејсбук страната на овие кучиња, под наслов „Размазени кавалери“, да собере повеќе од 23 илјади обожаватели.
Освен налого на фејсбук, овие среќни кучиња имаат и свој Инстаграм и Твитер налог. Дејвис вели дека Рон секој ден му испраќа по некоја видео снимка, со напомена или коментар. Содржината на коментарот воглавно е пишувана од перспектива на кучињата и обично со претпоставка како тие се чувствувале во тој момент, или што би можело да им се мота по главата. Изгледа дека овое шпаниели ќе станат уште попознати, бидејќи за нив и Старцен се снима емисија, односно риалити кое зборува за неизвесноста по повод наследствто на ова големо богатство.