Напаѓачот, Грацијано Пеле по одличните настапи за Италија на Европското првенство во Франција одлучи да го напушти Саутемптон и да се пресели во Кина.


Мотивите за преселбата на далечниот исток не беше фудбалот туку парите кои го направија шести најплатен фудбалери во светот.

Но, богатиот трансфер и договор скапо ќе го чини Пеле откако новиот селекторот на Италија, Џампјеро Вентура изјави дека во Кина не се игра фудбал и оти такви фудбалери не му требаат.

– Италијанските репрезентативци мора да бидат на врвно ниво, а тоа значи да играат во јаки клубови и првенства. Во Кина особено не се игра фудбал, таму фудбалерите се преселуваат за парите. – изјави селекторот.

Во ист ваков случај се најде и Алесандро Дијаманти кој 2012 година на ЕП во Украина и Полска настапи, а по трансферот во Кина се прости од дресот на „азурите“.

OhridNews