Прволигашки и второлигашки фудбал и кошарка од Втората лига ќе имаат на спортското мени охриѓани за викендов.


Богатата спортска понуда викендов започнува в сабота во 14 часот на Атина Бојаџи, каде ќе се сретнат екипите на Победа и Гостивар во првата рунда од втората полусезона во Втората македонска фудбалска лига.

Исто в сабота во 18 часот кошаркарите на АВ Охрид против директниот ривал Гостивар го играат мечот на сезоната. Со триумф над гостиварчани „галебите“ во голема мера ќе го обезбедат пласманот во кошаркарската елита за следната сезона.


Спортска понуда за викендов завршува в недела во 14 часот, онаму каде што и започна на Атина Бојаџи со мечот меѓу Младост Царев Двор и Силекс од Првата македонска фудбалска лига.


Охриѓаните во „зелено белиот“ дрес Антонио Каланоски и Сашо Ѓорески првите бодови во втората етапа од елитата ќе ги бркаат на теренот каде што ја започнаа кариерата.

Мх.П.