Во организација на Друштвото за заштита на Преспа и јавната установа Национален парк „Галичица“, во сабота, 9-ти јули, во Информативниот центар на паркот во Стење, ќе биде отворена изложбата „Богатството на нашите езера“.

На изложбата ќе бидат претставени видовите риби кои живеат во нашите езера, со цел населението да се запознае со нив и да се едуцира како истите да се заштитат.

Изложбата ќе  биде отворена до 15-ти август.

OhridNews