Во ресторанот „Канео“ вечерва ќе има дегустација на специјалитети и презентација на менијата за сезоната 2018 со новиот „execuitive chef“ Огненовски.

-Целта на Шеф Огненовски е подигнување на нивото на ресторанската култура во Македонија, посебно во Охрид како најатрактивна туристичка дестинација. Со локални продукти тој ексклузивно ќе ги претстави врвните кулинарски вештини и можностите за искористување на разновидните продукти од шпајзот на Македонија. велат од ресторанот „Канео“.

Инаку шеф Огненовски е носител на националната едукативна кампања за здрава храна. Автор е на книгата модерна македонска кујна и е светски реномиран готвач познат на сите континенти. Специјално за ресторанот „Канео“ Шеф Огненовски за 2018 година подготвува ново ексклузивно мени, изработено по светски стандарди.

-Ова не е само кулинарски настан во ресторан „Канео“, туку е и културен, социјален подвиг за остварување на целта, а таа е единствена – да се освестиме дека богатството што го има Охрид заслужува единствено и само елитен туризам.– велат од менаџерскиот тим на ресторанот „Канео“.

Љубителите на квалитетна храна вечерва од 19 часот ќе имаат можност да вкусат прекрасни јадења од нашето поднебје подготвени од Шеф Огненовски, надополнети со македонско вино од винаријата „Стоби“, а за атмосферата ќе се погрижи групата „Цар Самоил“. 

OhridNews