Српскиот кошаркар Богдан Бодгановиќ се закити со наградата за најкорисен играч-МВП на дуелот помеѓу ѕвездите од Соединетите американски држави (САД) и светот кој означува почеток на „All star“ викендот во НБА лигата.
Тимовите од САД и светот се составени од кошаркари кои ја играат првата или втората сезона во НБА лигата. Победата им припадна на ѕвездите од светот, а пред публиката во Лос Анџелес блесна Богдановиќ кој уфрли 26 поени.
Доцна после полноќ на програмата од вториот ден на „All star“ викендот се забивањата, фрлањето тројки и вештините со топка, додека во недела кон понеделник ќе се одржи мечот со најголемите ѕвезди во НБА лигата.
OhridNews