На празникот Богојавление – Водици, не очекува променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло.
Утрово во 6 часот во Охрид измерена е температура од 10 степени, додека температурата на водата според последните мерења на УХМР е 9,5 степени Целзиусови. Дува ветар од југозападен правец. Максималната температура на воздухот денеска во Охрид ќе достигне 11 степени.
Се очекува во студените езерски води по чесниот крст да запливаат над 300 капачи. За нивната вбезбедност ќе се грижат медицински екипи, како и волонтери од Црвениот крст и нуркачките клубови.
УХМР за петок, кога во Охрид се одбележува празникот Св. Јован и Денот на рибарите, најавува облачно време со врнежи од дожд, кои во текот на денот во западните делови освен на планините ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Г.М.