Денеска е Водокрст, строг пост – водопост. По тој повод утрово имаше света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид.

На 19 јануари, недела, на празникот Богојавление – Водици, ќе има света архиерејска златоустова литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско со почеток во 08:00 часот. Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8 часот, освен на Плаошник.

Во 9.45 часот ќе следи поаѓање на литиите кон градското пристаниште каде во 10 часот ќе се изврши големиот богојавленски водосвет и ќе се фрли крстот во осветените езерски води.

Во 12 часот ќе се одржи и традиционалното групно крштевање на Сараиште.

OhridNews