Пратеникот Павле Богоевски, денеска ги повика сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да ги поддржат уставните амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на државата.

Со тоа што Собранието преку Комисија за уставни прашања ги поддржа уставните амандмани со тоа отворен е патот, на пленарна седница пратениците да донесат сопствена одлука за ова историско, важно прашање. Ние во минатото сме имале најразлични мислења и полемики, сме имале различни дебати и расправи, но секогаш сме имале обединет и заеднички став по ова важно, значајно и историско прашање. Сега е приликата тоа да го покажеме на дело и заедно да го обезбедиме патот кон ЕУ и НАТО. – рече Богоевски.

OhridNews