
Здружението „Богојавление“ веќе ја испратило поканата до градоначалникот Бакрачески.
-Ве информираме, дека, според сите досегашни договори и воведената практика, Вие треба да бидете Кум на Водици 2014 година. Подготовките во врска со големиот верски празник Водици се во тек. Покрај Кумството, што се надевема дека ќе го прифатите очекуваме и поддршка од самата општина, како што беше случај до сега. – стои меѓу другото во писмото што здружението „Богојавление“ го испратило до градоначалникот Бакрачески.
Се очекува градоначалникот Бакрачески официјално да се произнесе за иницијативата на „Богојавление.
OhridNews












