Православните верници денеска го одбележуваат празникот Водокрст. Овој празник, познат и како Водопост е строг пост, но бидејќи оваа година се паѓа во недела, дозволен е пост со масло. По повод празникот, утрово се одржува света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид.

По повод празникот Богојавление – Водици, на 19-ти јануари света архиерејска василева литургија ќе се оддржи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско со почеток во 8 часот. Света василева литургија ќе се оддржи и во сите парохиски цркви во Охрид, освен на Плаошник.

Во 10 часот на градското пристаниште ќе се изврши голем богојавленски водосвет и ќе се фрли чесниот крст во водите на Охридското Езеро.

На 20-ти јануари се одбележува празникот Собор на „Свети Јован Крститетл“. По тој повод света литургија ќе се оддржи во црквата „Свети Јован Богослов“ – Канео и во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток од 8:30 часот. На Плаошник тој ден нема да има богослужба, информираат од Дебарско – кичевската епархија.

OhridNews