Со три натпревари синоќа продолжија возбудувањата на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино.

Др. Баткоски го совлада Охридски бисер Филеви со 3:1, додека Инекс Олгица приреди го совлада бранителот на трофејот Сатеска со 3:0.

Во третиот натпревар од вечерта Чардак Велгошти славеше против Ескобар Волино со 2:0.

Резултати – 17 август:

Др. Баткоски – Охридски бисер Филеви 3:1
Сатеска – Инекс Олгица 0:3
Ескобар Волино – Чардак Велгошти 0:2

Натпреварите на „Богородица куп 2026“ продолжуваат вечерва со уште три пресметки. Програмата во 20:30 часот ја отвораат Инекс Олгица и Провелд, по што следува дуелот БЗ Груп – Типлери. Последниот натпревар вечерва ќе го одиграат Асп Пак и Викса Пром.

Распоред – 18 август:

20:30 Инекс Олгица – Провелд
21:30 БЗ Груп – Типлери
22:30 Асп Пак – Викса Пром

OhridNews