По повод смртта на академик Цветан Грозданов, утре (недела), во 14:00 часот во катедралната црква Св.Софија ќе се одржи богослужба.

Во понеделник, во 12 часот Општина Охрид ќе организира комеморација за академик Грозданов во големата сала.

Академик Цветан Грозданов почина вчера по долго боледување во 82-та година од животот. Еден од најпознатите византолози на овие простори е роден во 1936 година во Охрид, за кој се врзани неговите најзначијни научни дела.

OhridNews