Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 2-ри март, недела, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка – Поклади“, со почеток во 16 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Од 2-ри до 6-ти март , во црквата Каменско, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба, а со почеток во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со Канонот на свети Андреј Критски.
Од Дебарско- кичевската епархија напоменуваат дека од понеделник до четврток богослужби ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско.
OhridNews