Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 19 јуни 2011 година (недела), во манастирот „Си Свети“ во село Лешани, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Сите Светии“ (Сите Свети), со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Воедно ќе биде одбележана и 100-годишнината од изградбата на храмот кој по тој повод ќе биде преосветен, а  изработен е и нов фреско-живопис.

OhridNews