Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека по повод Петата недела од Велигденскиот пост посветена на „Света Марија Египетска“, на 21 март 2010 година (недела), во црквата „Свети Никола“ – Геракомија, Охрид, со почеток во 9 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.












