По повод празникот Успение на Пресвета Богородица денес во навечерието на овој голем празник, со почеток во 17:00 часот, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба со Опело на Пресвета Богородица, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Со голема радост и молитвено единство да го прославиме славното Успение на Пресветата Богородица, принесувајќи ѝ благодарност и молитви на Богомајката, нашата постојана молитвена Застапничка пред Бога и Покровителка, велат од Дебарско-кичевската епархија.
OhridNews










