Богослужба ќе има и на денот на празникот, 15-ти август, со почеток во 8 часот.
Овој мал, но мошне значаен духовен храм посветен на првиот архиѓакон Св. Стефан е со мали димензии, изградена (издлабена) во карпите во средината на деветтиот век, во период кога на овие простори бил засилен таканаречениот анахоретски или пустиножителски, осаменички живот на монасите. Црквата е живописана, но само мал дел од живописот е зачуван. Сеуште постои и оштетен натпис кој зборува дека заслуги за изградба на црквата имале луѓе од околните села Шипокно, Коњско и Горица. Во ново време се изградени и конаци,а со средства на верниците неодамна завршена е и изградбата на новата камбанарија.