Богослужби на Плаошник по повод празникот „Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон“
07.08.10 12:00
По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 8 август 2010 година (недела) – вечерта, во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“ во 19 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со по-четок во 19 часот.
На 9 август 2010 година (понеделник), во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ по 37-ми пат се одржа културната манифестација „Охридски староградски средби“ Во рамки на програмата настапија градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ –...
Сончево со мала локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Во Охрид времето денес сончево со слаб ветер претежно од северен правец Максималната температура до 27 степени Во сл...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) работи на проширување на коловозот на патниот правец Р2234, од селото Долно Татеши до селото Мислодежда, струшко во должина од 3500 метри и вредност о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.