По повод празникот „Свети Климент Охридски“, на 07-ми декември, четврток, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. 

На 8-ми декември, петок, со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува митрополитот Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои вернци на заедничко прославување на празникоѕ посбетен на големиот просветител и учител на сите словенски народи Свети Климент Охридски.