По повод празникот „Духовден“на 8 јуни (недела), во црквата „Света Троица“ – Охрид, со почрток во 9 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува митрополитот Дебар-ско-кичевски г. Тимотеј, информираат од Дебарско-кичевската епархија. 

На 9 јуни 2014 година (понеделник), во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „II ден Духовден“, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува владиката Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.

OhridNews