По повод празникот Св. Наум Охридски Чудотворец, на 5-ти јануари, сабота, во манастирот Св. Наум, со почеток во 8.45 часот ќе се одржи света архиерејска литургија.
По повод Бадник (коледе) света архиерејска литургија во недела со почеток во 8.30 часот, ќе има во сите охридски цркви.
Во понеделник, прв ден Божик во црквата Св. Ѓорѓи со почеток во 8.45 часот, ќе се одржи света архиерејска василиева литургија. Рожденството Христово со литургија ќе се одбележи во сите охридски цркви, освен на Плаошник.
На празникот Собор на пресвета Богородица, втор ден Божик, во црквата Св. Богородица -Челница со почеток во 8.45 часот, ќе се одржи света архиерејска василиева литургија. Литургија ќе има во сите охридски цркви, со почеток во 8.30 часот.
На 9-ти јануари, на празникот Св. Стефан, трет ден Божик, света литургија со почеток во 8.30 часот ќе има во манастирот Св. Стефан, во црквата Свети Врачи Козма и Дамјан во Варош, како и во сите парохиски цркви во градот, освен на Плаошник, информираат од Дебарско – кичевската епархија.
Инаку, согласно со Законот за празниците на РМ, 6 јануари (недела), Бадник, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека 7 јануари година (понеделник), прв ден Божик е неработен за сите граѓани на државата