По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ на 7 август 2011 година (недела) – вечерта, во манастирот „Света Петка“ во Велгошти, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 18 часот, информираат од Дебарско – кичевската епархија.

На 8 август 2011 година (понеделник), во манастирот „Света Петка“ – Велгошти, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8.30 часот.

Богослужби ќе има и во сите други парохиски цркви во Охрид.

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, Охрид, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 8 август 2011 година (понеделник) – вечерта, во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со почеток во 19 часот.

На 9 август 2011 година (вторник), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.