По повод празникот Свети Стефан, во истоимениот манастир во близина на Охрид, денес и утре, втор и трет ден Божиќ, ќе се одржат богослужби.

Денес во 16 часот ќе се богослужи вечерна богослужба, а утре во 7:30 часот утрена богослужба со света божествена литургија. Ги покануваме сите верници да дојдат на заедничка молитва, велат од манастирот Св. Стефан.

Пештерната црква „Св.Стефан” датира од IX век и  единствена црква посветена на овој светител во Македонија. За црквата е искористена една природна пештера која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци. Во поново време реконструиран е надворешниот дел на манастирот, изградена е нова камбанарија на местото на старата, како и нови конаци.

OhridNews