Од Дебарско кичевската епархија информираат дека денес, со почеток во 17 часот, во црквата Св. Богородица- Каменско ќе се одржи бдение со „Последование на Женихот“.

Богослужбите по повод страсната недела пред велигденските празници продолжуваат и утре, велики понеделник.
 
Наутро, со почеток во 7 часот, во црквата Св. Богородица Каменско ќе се одржат часови и Преждеосвештена литургија, а вечерта, во 17 часот, бдение со „Последование на Женихот“.

OhridNews