Препорака на монетарната власт е да се подобри наплатата на приходите, даноци да плаќаат и оние кои сега тоа го избегнуваат, изјави гувернерот Димитар Богов, на пресконференцијатавториот ден од седмата годишна истражувачка конференција што се одржува во Охрид, одговарајќи на прашање околу најавата за воведување на прогресиван данок. .

– Можеме да сугерираме дека во земјите од регионот, каде што сивата економија е прилично висока, и голем дел од економските активности не се оданочени, има голем простор да се подобрат јавните финансии, преку зафаќање од оние кои сега не плаќаат даноци, рече Богов. Гувернерот додава дека Народна банка не може да и се меша на владата околу даночната политика и дека сепак останува на неа да одлучи дали ќе воведе прогресивен данок.

Според Богов, монетарната политика соодветно ќе се прилагоди на секоја фискална политика, и доколку таа е поконзервативна, тогаш има простор монетарната политика да биде полабава.

– Европа се подготвува да им каже добредојде на повисоките каматни стапки, Европската централна банка ќе ги задржи ниските камати до крајот на годинава, но од почетокот на идната година ќе стартува со нивно зголемување, вели Богов.

Најавува дека во Македонија сето тоа будно ќе се следи и следствено на тоа соодветно ќе се прилагоди нашата монетарна политика.

OhridNews