– Навистина нема ниту една причина зошто би имало девалвација, ниту пак слушнав аргументи зошто девалвацијата би била подобра за македонската економија. Напротив, јас мислам дека девалвацијата би била полоша, бидејќи ќе услови рестриктивна монетарна политика, затоа што девалвацијата ќе изврши голем притисок врз инфлацијата, со тоа и врз девизните резерви, а со тоа Народната банка ќе мора да ја зголеми каматната стапка и да ја затегне монетарната политика и да го намали обемот на кредити во економијата. Значи, би се постигнало токму спротивното од она што заговорниците на девалвацијата сметаат, потенцира гувернерот Богов.
Тој додава дека девизните резерви во моментов се на историски највисоко ниво, и дека нема апсолутно никакви притисоци, побарувачката и понудата на девизи е нормална, дури и повеќе се откупуваат девизи отколку што се продаваат од страна на НБ, штедењето во денари расте, на сметка на штедењето во евра, релативното учество се намалува, нема нерамнотежи во екстерниот сектор и нерамнотежи во банкарскиот сектор.