Бојан Палоски, ученик во V одделение при ОУ „Св. Наум Охридски“ во с. Пештани, е еден од 24-та наградени на конкурсот по повод Светски ден на штедењето. Тој наградата ја освои во категоријата ликовна творба на тема „И јас умеам да штедам“.

На конкурсот учествуваа преку 780 деца, кои испратија ликовни и литературни творби на тема штедење и осигурување. Наградите на наградените ученици им ги доделија министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски. Тие им се обратија на присутните наградени ученици, наставници и родители и им порачаа дека финансиската едукација на населението, особено на најмладите треба да се поттикнува, бидејќи тоа е важно за стабилноста на финансискиот систем и просперитет на економијата. 

OhridNews