Петар Бојоски со со 28 поени беше клучниот играч во домашниот триумф над Соколи со 80-70 , победа која ги испрати на врвот на лигашката табела. Бојоски кој трета година го носи дресот на “Колибрите“ и очекува со добрите игри да продолжат во текот на сезоната.

– Задоволен сум од досегашната игра од клубот земајки предвид дека ова ни е прва година да се натпреваруваме во Македонска лига. Атмосферата во клубот е на одлично ниво постои меѓусебно разбирање како меѓу играчите така и со тренерите. Последниот меч со Соколи го добивме лесно благодарение на добрата игра во текот на целиот натпревар. Со таква игра игра можеме да бидеме прваци во лигата  – вели Бојоски.

Во наредното коло охриѓани гостуваат во Крива Паланка и очекуваат уште еден триумф во низата.

Ohridnews