Струга беше домаќин на 4 коло од државното првенство во бокс, во екипна конкуренција на која учество зедоа 8 клубови: Шкупи, Тернипе, Баргала, Охрид, Фајтер Илири, Прилеп, АС и Синди, со вкупни 29 боксери, во три возрасни категории, сениори, јуниори и кадети.

Се одржаа само 7 борби, една воведна, две кај кадетите, една во јуниорска конкуренција и три кај сениорите.

Јоноски беше поразен од Ф. Жута со 6:17, додека  Ристески загуби од Скендери  со 24:28.

По ова коло кај сениорите на првото место на табелата со 22 бода се наоѓа БК Синди (Струга), кај јуниорите Баргала (Штип) со 17 бода, како и кај кадетите со 19 бода.

ohridnews