Боксот како спорт се врати помеѓу охриѓани, и тоа со неколку одличја од екипното првенство кое се одржа во Скопје изминатиот викенд.

Боксерскиот клуб „Алексо Огненоски“ предводен од Владимир Цекиќ се натпреваруваше со пет боксери од кои тројца успеаја да извојуваат победа, додека останатите двајца мораа да им честитаат на противниците.

Победи за охридскиот клуб обезбедија Димитар Јованоски, Петар Шипинкоски и капитенот на клубот, Бојан Ристески кој победи со нокаут во втората рунда. Порази во првите мечеви претпреа Христијан Тодороски и Даниел Вретоски.

Клубот не случајно го носи името Алексо Огненоски, кој е најзаслужен прво за постоењето на боксот во Охрид, а и за сите успеси кои ги имаа охридските боксери во минатото.

Клубот најавува неколку новитети кои за брзо време ќе и бидат соопштени во јавноста.

OhridNews