Срце планина има Васил Јанкула, момчето од Ресен што боледува од церебрална парализа, кое вчера попладне со својот трицикл пристигна во Охрид, во рамки на претпоследната етапа од кружната тура низ земјата.
На плоштадот во Охрид тој беше поздравен со аплаузи од присутните.
Целта ми е да ги мотивирам луѓето да имаат здрави животни навики и да не се откажуваат доколку имаат некаков хендикеп. Сакав да докажам дека сите сме исти, иако на лицата со хендикеп се гледа до други очи, рече Јанкула.

Васил одлучи неговиот трицикл со кој ја крстосува земјата да го подари на нашиот клуб кој ќе го донира во Охрид на лице со хендикеп, да му служи како помагало. – изјави Жанко Голабоски од клубот „З’ш Авантура“.

OhridNews












