Министерот за здравство Венко Филипче, денеска информираше дека се подготвуваат капацитетите во јавно-здравствените установи за нивно целосно редовно функционирање.
- Се уште добар дел од работата се одвива по системот на пауза-ротација од една до две недели, за да се штеди медицинскиот персонал. Притисокот во болниците попушти, тоа вистински интензивно се избегна и веќе сите имаат добиено задолженија да ги организираат редовните програми. Направени се списоците на пациентите и интервенции коишто беа одложувани. изјави Филипче на денешниот настан во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде е извршена реконструкција на јавните површини, со изградба на посебен влез за возилата на Итната медицинска и нов паркинг.

- Сето ова, планираме да почне од следната недела, исто како и капацитетот на ГОБ „8ми Септември“ којшто е најголем по број на болничките кревети и по бројот на интервенции. Треба добро да се подготвиме и затоа не брзаме, а истовремено го следиме и бројот на пациенти коишто се лекуват од ковид-19 во болницата „8ми Септември“ и на Клиниката.- потенцираше министерот Филипче.
OhridNews













