Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ ќе го тужи семејството на пациентот  Јонузи Хазба (65) од Гостивар, кој неодамна почина по испуштањето од болницата, заради, како што се наведува во соопштението, изнесените клевети за несовесно лекување и нарушен углед.

Од болницата информираат дека гостиварчанецот починал од масивен инфаркт на миокард при напуштање на установата каде претходно бил хоспитализиран, што било потврдено со обдукција.

-Пациентот и порано е лекуван заради срцева слабост, покачен крвен притисок и прекумерна тежина. Исписот од болницата е направен исклучително по барање на пациентот кој не прифаќеше хоспитализација и беше многу агресивен кон персоналот и кон себеси. Поради изнесените клевети за несовесно лекување, навреди и закани кон персоналот, болницата ќе поднесе кривични пријави против членови на семејството на починатиот. – се наведува во соопштението на ЈЗО „Св. Еразмо“ Охрид.

OhridNews