Лидерот на табелата, Јувентус со лесен триумф над Болоња (3-0) одговори на победите од останатите ривали во италијанската Серија А.
„Бјанконерите“ во 7-та минута преку Гонзало Игуаин го отворија резултатот и најавија рутински натпревар на домашен терен. Четири минути пред крајот на првиот дел Пабло Дибала од пенал го дуплираше водството. Конечниот исход го постави Игуаин со вториот погодок на натпреварот.
Со трите бодови, Јувентус ја задржа бодовната разлика на табелата пред Рома и Милан на четири односно седум бодови и има меч помалку.
OhridNews