Серијата победи на Јувентус во „калчо лигата“ заврши откако лидерот на табелата одигра реми без голови на гостувањето во Болоња.
Домаќините со организирана одбрана во текот на целиот натпревар го неутрализираа составот на Јувентус кој нанижа 15-ет победи по ред.
Слабиот натпревар на „бјанконерите“ се должи на предизвикот кој ги очекува во Лигата на Шампиони следната недела.
Противник на „старата дама“ во ЛШ е германскиот гигант и еден од главните фаворит за освојување на трофејот Баерн Минхен.
Јувентус ќе остане лидер во Серија А со два бодови предност пред Наполи кој во понеделник ќе го одигра дуелот со Милан од 26-та рунда.
OhridNews












