Од Олимписките игри во Пекинг 2008 година атлетичарот од Јамајка, Усеин Болт доминира на спринтерските патеки 100 и 200 метри. Болт ги има освоено сите златни одличја освен еднаш кога беше дисквалификуван поради лош старт.


Стручњакот по спорт на Универзитетот во Лондон, Сем Ален долго време ги анализирал сите движење за време на трката на Јамајканецот.

– Сите спринтери освен Болт трката на 100 метри ја минуваат со 45 чекори во просек додека „кралот на спринтот“ ја поминува со 41 чекор. 60% од трката на 100 метри Болт ја минува во воздух, а останатите спринтери неможат да ја достигнат оваа бројка. – објаснува Ален.


Голема предност Болт има и во висината со која може на почетокот од трката добро да се справи. – Болт не ја прави грешката како и останатите атлетичари кога на почетокот од трката прават кратки чекори. Тој поради висината во втората фаза од трката има голема предност од конкурентите, но на стартот добро се носи со својата висина. – дополни Ален.

На атлетскиот Мундијал во Пекинг, Болт доминатно пред Американецот, Џастин Гетлин ги освои златните медали на 100 метри и 200 метри, а успешниот настап го заокружи со златниот медал од штафетата четири пати по 100 метри.

Ohridnews