Јусеин Болт рутински ја одработи својата задача на 200 метри завршувајќи на првата позиција во полуфиналната трка со време (19.78).
Изненадување на полуфиналната трка на 200 метри беше сребрениот од 100 метри, Џастин Гетлин кој не успеа да обезбеди место за финале за една стотинка.
На втората позиција после Болт заврши Андре де Грас со време (19.80), а во полуфиналето пласман обезбедија уште Лашон Мерит, Кристоф Лематр, Алонсо Едвард, Адам Џемили, Рамил Гулијев и Чуранди Мартина.
Финалето на 200 метри е во петок наутро со почеток во 3 часот и 30 минути.
OhridNews