Најбрзиот човек на светот, Усен Болт, со победа на митингот одржан на Кајманските острови ја отвори новата сезона.


Болт и покрај победата не импресионира со својот настап во првата
сезонска трка, со време 10,09 секунди тој во фото-финишот го победи
својот спаринг партнер Кемар Бекли Коул.

„Ова беше навистина лоша трка. Сега со тренерот мора да анализирам каде
грешев“, рекол Болт чии светски рекорд на 100 метри изнесува 9,58
секунди.

Најбрзиот човек на светот изминатите месеци имаше проблем со бутниот
мускул, но истакнал дека повредата нема врска со лошиот резултат. „Болката воопшто не ми пречеше, таа не е виновна за лошиот резултат“, рекол Болт.

На митингот на Кајманските острови во трката на 100 метри во женска конкуренција победи Кармелита Џетер со време 10,95 секунди.

“Макфакс“