Од четирите финални трки на Светското првенство во атлетика во Лондон, вечерва најголемо внимание ќе привлече завршната трка на 100 метри која ќе биде последна за Усеин Болт.

Финалето на 100-ката е закажано во 20 часот и 45 минути, но прво Болт и останатите атлетичари ќе треба да го минат полуфиналето.

Болт неодамна најави дека светскиот собир во Лондон ќе биде последното големо натпреварување на кое ќе учествува.

Покрај финалето на 100 метри на програмата се финалните натпреварувања во фрлање диск и скок во далечина во машка конкуренција како и женската трка на 10.000 метри. 

OhridNews