Програмските телевизиски сервиси, коишто на македонската публика и’ беа познати како Best of Macedonia (BOM) и K-15 Music се нелегални и не соодветствуваат со легално регистрираните австралиски канали BOM и K-15 Music, што се емитуваат во Австралија.

Претставникот на TV Plus, Џон Јеремиќ, вчера допатува во Македонија и се сретна со претседателот на СРД, Зоран Трајчевски. Тој тврди дека е вистинскиот сопственик на Бест оф Мацедониа(БОМ) и К-15 Мусиц и дека писмото кое го испрати Сѕднеѕ Цоммунитѕ ТВ (СЦТВ) до СРД е фалсификат.

Кој емитувал програма во Македонија со логото на БОМ и К-15 Music, дополнително ќе се испитува.

СРД им наложи на кабелските оператори да престанат со реемитување на BOM и K-15 Music, се додека не се утврди сопственоста на телевизиите.

OhridNews