„Милионерите“ имаа лоша увертира во дерби средбата со Шалке во Бундес лигата откако ја одложија пресконференцијата на Јирген Клоп поради бомба пред стадионот.
Еден сат пред почетокот на јавното обраќање за мечот со Шалке германските власти го опколиле стадионот и била пронајдена бомба од Втората светска војна.
По расчистувањето на бомбата, која била неактивирана пресконференција не се одржа и натпреварот в сабота двете екипи ќе го започнат без јавно обраќање.
Дортмунд со 25 бодови се наоѓа на 12-та позиција на табелата додека Шалке со десет бодови повеќе ја има „резервирано“ четвртата.
Ohridnews