Ноќеска околу 02 часот во Прилеп на ул.„Ѓорги Сугаре“ во дворот од куќата сопственост на директорот на затворот во Прилеп, непознато лице фрлило експлозивна направа, која експлодирала. 

Во експлозијата нема повреден, а оштетени се фасадата на куќата и стакла на неколку прозорци и направен е кратер во тревникот пред куќата. 
ПС-Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителот.  За случајот е известен Секторот за антитероризам, соопшти МВР.
OhridNews